Можностите за развој на туризмот преку зачувување на културните вредности, едукација и подигнување на еколошката свест, се главните цели кои вчера беа изнесени на трибината на тема: “Туристичките потенцијали на Охрид согледани преку едукација,култура и еколошки вредности”, во организација на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Охрид.


Според професор д-р Цветко Андреески, плановите на Факултетот за туризам и угостителство се во насока на иден развој на  туризмот. „Учеството на факултетот во развојот на туризмот како најстара институција од оваа област, е доста значаен. Изготвени се планови и активности кои ги имаме како високообразовна институција . Исто така, спроведени се истражување за активностите кои досега ги имаше нашиот факултет“ – истакна Андреески.


Професорката Славица Јанкоска која говореше за културата, потенцира дека моменталниот развојот на градот претставува  урбано задушување. „Како сите активности што ги спроведува унијата на жени на Вмро-Дпмне, целта е да се подигне свеста на луѓето за зачувување на вредностите во нашиот град. Културата е нешто, што треба сите ние како охриѓани да ја почитуваме и да го зачуваме она што ни е останато. Прекумерното градење во градот, претставува урбано задушување на Охрид. “  – потенцира Јанкоска.


Инаку, трибината се одржа вчера во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

OhridNews