Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателката на Здружението на професори  по италјански јазик (ЗПИРМ) Бранка Гривчевска потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот, како што информираа од Општина Охрид се темели на заемен интерес на Општина Охрид и на здружението  за остварување  на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна сорaботка.

Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура  во Општина Охрид. Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од образовен, културен, развоен, истражувачки и научен карактер, различни облици на научна, истражувачка и техничка помош, консултации и размена  на знаења и искуства, организирање настани, работилници, тркалезни маси и собири, велат во соопштението.

Додаваат дека согласно потпишаното во тек е факултативна настава по италијански јазик во основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“, а станува збор за пилот проект финансиран од Општина Охрид преку кој наставата ја следат околу 100 ученици.

OhridNews