Вчера во Охрид започна дводневната Национална конференција„Структурирање на дијалогот помеѓу Владата и граѓанските организации “, во организација на тимот на Техничка поддршка на граѓанските организации –ТАКСО.

Целта на конференција е унапредување на соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор, преку јакнење на консултативната улога на граѓанските организации во процесот на креирање на политиките и јакнење на довербата во граѓанскиот сектор. 

Заемната доверба, партнерството, независноста, учеството, транспарентноста, одговорноста, дополнети со два нови принципи: плурализамот и еднаквите можности и недискриминација, се вредностите и принципите кои оваа стратегијата продолжува да ги негува, афирмира и промовира.” – изјави Марта Арсовска Томовска, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Таа исто  така истакна дека имајќи ја во предвид важноста за вклучување на пошироката јавност во носењето на прифатливи и издржани законски решенија, Владата делегирала надлежности и на Министерството за информатичко општество и администрација, во делот на обезбедување на алатки за консултација со засегнатите страни во процесот на креирање на политики како што се Единствениот национален електронски регистар на прописи  ( ЕНЕР ) и  порталот Е-Демократија, кои имаат за цел да обезбедат поволна средина за натамошен развој на граѓанскиот сектор и да создадат услови за истиот. 

На конференцијата учествуваа и претставници од граѓанските организации,  претставници од Министерства членови на мрежата на државни службеници одговорни за соработка со граѓанските организации, како и  експерти  и донатори од областа за развој на граѓанското општество.

OhridNews