Galatasaray-Chelsea 2 (2.0)

Вечерва во лигата на шампиони се затвара првиот круг во осминафиналето.Играат Галатасарај и Челзи. Наш избор е кипата на Челзи која е во одлична форма,се наоѓа и на првото место во Премиер лигата.Челзи во последните 5 натпревари од Премиер лигата има 3 победи (Евертон 1:0,Њукасл 3:0,Манчестер Сити 0:1) и два нерешени натпревари (ВБА 1:1,Вест Хем 0:0),а во лигата на шампиони се пласираа како 1-ви со 4 победи (Стеауа 1:0,Шалке 3:0,Шалке 0:3,Стеауа 0:4) и два порази од екипата на Базел (1:0 и 1:2).

Од друга страна пак и екипата на Галатасарај не е за потценување,тие ја испаднаа екипата на Јувентус,која важеше и за голем фаворит.Галатасарај во турската супер лига се наоѓа на 2-рата позиција веднаш позади Фенербахче со 4 бодови негатива и во последните 5 натпревари има 3 победи и 2 нерешени натпревари,а во лигата на шампиони се пласираа како 2-ри со 2 победи (Јувентус 1:0,Копенхаген 3:1),1 нерешен натпревар против Јувентус со резултат 2:2 и 3 порази (Реал Мадрид 4:1,Копенхаген 1:0,Реал Мадрид 1:6).

Интересно е што до сега овие две екипи немаат меѓусебен дуел.

Повредени играчи на екипата на Челзи се:Ван Гинкел,Давид Луиз,Микел и Оскар.

Повредени играчи на екипата на Галатасарај се:Ајдин Јилмаз,Чеџоу,Гокан Зан,Хакан Балта и Хамит Алтинтоп.

Schalke 04 : Real Madrid 2 (1.5)

Другиот натпревар за вечерва во лигата на шампиони е Шалке-Реал.Нашиот избор е екипата на Реал Мадрид која е неприкосновена и во Шпанската Примера и во Копа дел Реј,а и во лигата на шампиони.

Реал Мадрид  се наоѓа на првата позиција во Примера со 63 бодови и во последните 5 натпревари има 4 победи (Елче 3:0,Гетафе 0:3,Виљареал 4:2,Гранада 2:0) и еден нерешен натпревар против незгодниот Атлетик Билбао со резултат 1:1.

Во лигата на шампиони Реал се пласираа како  1-ви со 5 победи (Копенхаген 0:2,Галатасарај 4:1,Јувентус 2:1,Копенхаген 4:0  и Галатасарај со 1:6) и еден нерешен натпревар против екипата на Јувентус со резултат 2:2.

Шалке од друга страна пак во германската Бундес лига е на 4-та позиција и во последните 5 натпревари е идентична како и Реал со 4 победи (Леверкузен 1:2,Хановер 2:0,Волфсбург 2:1,Хамбургер 0:3) и еден нерешен натпревар со екипата на Маинц со резултат 0:0.Шалке во лигата на шампиони се пласираа како 2-ри во групата Е со 3 победи (Базел (2:0 и 0:1) и Стеауа 3:0) 1 нерешен натпревар со екипата на Стеауа со резултат 0:0 и 2 порази од Челзи (3:0 и 0:3).

Реал е комплетен и би требало уште вечерва да си го обезбеди пласманот во лигата на шампиони. Oвие две екипи до сега намаат меѓусебен дуел.

Повредени играчи од екипата на Шалке:Аого,Хогер,Клеменс,Хоудес и Учида.

Од Реал повреден е само Сами Кедира.

Ohridnews