Некогашните премиерлигашки ѕвезди Немања Видиќ, Ешли Кол и Фернандо Торес ја предводат најлошата екипа во Серија А за есенската полусезона.
Видиќ и Кол на залезот на кариерата се решија за трансфер во калчо лигата, но таму не продолжија со игрите кои ги прикажуваа во англиската Премиер лига.
Торес ниту во дресот на Милан не успеа да ја пронајде голгетерската форма и е пред трансфер во матичниот клуб Атлетико Мадрид.
Екипата од најлошите : Миранте (Парма), Видиќ (Интер), Кол (Рома), Бонера (Милан), Албиол (Наполи), Лоди (Парма), Мвила (Интер), Хамшик (Наполи), Итурбе (Рома), Торес (Милан), Паласио (Интер).
Тренер на тимот е Валтер Мацари, кој имаше старт за заборав во Интер по што заработи отказ.
Мх.П.