Англискиот премиер Борис Џонсон го означи 12 јуни како неофицијален датум за продолжување на спортските активности во целата земја.
Клубовите од англиската Премиер лига веднаш направија план и програма за доигрување на сезоната.
Фудбалерите во екипите на тренинзи ќе се вратат на 18 мај.
На 12 јуни, кога ќе почне сезоната ќе се игра „среда-сабота“, со цел да се заврши што е можно побргу сезоната која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид -19.
Рестарт на сезоната најавија германците и шпанците. Бундес лигата ќе продолжи следниот викенд, додека Ла лига на почетокот од јуни месец.
OhridNews