Додека сите околу новогодишните празници паузираат, во Англија фудбалерите имаат од три до четири мечеви во една недела што пак наидува на револт кај тренерите поради недостигот на одмор за протагонистите.
Таков заклучок даде и претседеталот на Борусија Дортмунд, Ханс Хоаким Вацке кој сликовито ја објасна ситуацијата во Премиер лигата.
– Во Англија играчите ги цедат како да се лимони. Ако сте професионалец и ве интересира само сметката од крајот на месецот тогаш за вас е Премиер лигата, но ако сакате уште нешто тогаш два пати треба да размислите дали сакате трансфер таму. – рече првиот човек на „милионерите“.
Тој смета дека финансиската моќ на клубовите не ја прави Премиер лигата подобра од останатите. – Не секогаш парите играат главна улога. Премиер лигата е атрактивна тука нема сомнеж, но моментално не е најака.
Сезонава, Премиер лига може да остане без еден преставник во Лигата на Шампиони ако италијанските клубови остварат подобар резултат од англиските екипи.
Ohrinews











