Дисциплинската комисија во Премиер лигата го крена гласот против фудбалерите кои симулираат, односно глумат за да извлечат нешто поволно за својата екипа.
Прв фудбалер кој се соочи со казна, во случајов суспензија е играчот на Евертон, Умар Ниасе кој успеа да исценира пенал за својата екипа на дуелот со Кристал Палас.
По прегледувањето на снимката, дисциплинците го казнија Ниасе два натпревари и ставија јасно до знаeње дека нема да толерираат вакви не фудбалски потези на терените во Премиер лигата.
OhridNews