Фудбалската федерација на Англија заедно со челниците од Премиер лигата го креваат гласот против фудбалерите кои со симулирање изнудуваат пенали или жолти и црвени картони.
Посебна комисија во Премиер лигата состевена од поранешен играч, судија и менаџер после завршување на мечевите ќе ги прегледува снимките од спорните моменти и ќе оценува. Ако дисциплинската комисија одлучи дека фудбалерот со симулирање изнудил пенал или жолт и црвен картон ќе биде суспендиран два или повеќе натпревари.
Судиите и до сега имаа практика со жолт картон да го казнуваат симулирањето, но често „луѓето во црно“ наседнуваа на глумата од фудбалерите, особено во казнетиот простор.
Од следната сезона во Англија, односно во Лига Купот на тестирање ќе биде и видео технологијата која се очекува да биде од голема помош за судиите.
OhridNews