Премиер лигата го суспендираше судијата Марк Клатенбург и го острани од листата на судии за престојнито коло во англиската елита.


Клатенбург по мечот Вест Бромвич Албион и Кристал Палас прекршил правила кои строго мораат да се почитуваат во Премиер лигата.

Тој веднаш сам заминал од стадионот без никаква придружба, што не му гарантира безбедност и отишол на концерт од Ед Шеран.

По пат судијата со знакот на ФИФА имал телефонски разговор со менаџерот на Кристал Палас, Нил Ворнок што е недозволиво и забрането.

Судијата може да има разговор со менаџерот на било која екипа, но со присуство на друг судија како сведок.

Мх.П.