По веста за повлекување на Сер Алекс Фрергусон од менаџерскат позиција во Манчестер Јунајтед, челниците на Премиер лигата со иновативен начин ќе го испратат во заслужена пензија.

Натпреварите од претпоследната рунда во Премиер лигата ќе се играат со петминутно продолжение во чест на Шкотланѓанецот, кој беше вистински бунтовник за судиското продолжение.

Голем дел од погодоците кои донесеа успеси со Манчестер Јунајтед неговите избраници ги постигнаа во судиското продолжение.

Фергусон од Премиер лигата беше дел од самото оформување, а во 20 години освои 13 титули и ја афирмираше во една најсилните лиги на светот.

Мх.П.