Лесно може да се случи после завршување на сезоната англиската Премиер лига да остане без најдобриот судија, Марк Клатенбург.
41-годишниот судија кој има голема биографија зад своето име не може да го издржи притисокот кој е се поголем на плеќите од луѓето во црно.
Како што пренесува Дејли Мејл судијата со знакот на ФИФА од 2006 година кој го судеше финалето на ЕП минатата година и финалето во ЛШ ако се одлучи да прекине со судењето во Европа може да се пресели во САД или во Кина каде фудбалот последниве години доживува експанзија.
Покрај финалето на ЕП и ЛШ во својата кариера Клатенбург правдата ја има делено во финалето од ФА Купот, УЕФА Супер купот, Супер купот во Англија и финалето на Олимпијадата во Лондон 2012 година.
OhridNews