На стартот на Англиската Премиер лига (16 Август) шампионот Манчестер Јунајтед на домашен терен ќе игра против Њукасл.

Дебито на клупата на Челзи, Сколари ќе ги има против Портсмут.

Од големата четвторка во фудбалска Англија во првото коло, Арсенал ќе му биде домаќин на новиот премиерлигаш тимот на Вест Бромвич, додека Ливерпул гостува кај Сандерленд.

Првото големо дерби помеѓу тимови од елитната англиска четворка, на програмата е во четвртото коло на 13-ти септември, кога Манчестер Јунајтед гостува на “Енфилд”, против Ливерпул.

ohridnews