На 3-ти ноември, петок, со почеток во 20 часот во Центарот за култура пред охриѓани премиерно ќе бид еприкажан филмот приказна за „Човекот-делфин“ во режија на Лефтерис Чаритос.
Станува збор за приказната за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон. Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би рекол дека спокој е можен кога кислородот ни е ограничен? Кој би рекол дека задржувањето на здивот може да ни ги наполни градите со слобода?
Цената на билетот ќе биде 100 денари. Покрај во Охрид, филмот ќе се прикажува и во Скопје и Струга.
OhridNews












