Во среда, со почеток во 20 часот во Центарот за култура Григор Прличев охриѓани ќе имаат можмост премиерно да го проследат документарниот филм посветен на празникот Богојавление- Водици, кој воедно ќе го овековечи растот и подемот  на манифестацијата во изминатите десет години постоење.


Кога ми беше понудено да направам филм за десет годишниот јубилеј на манифестацијата Водици се најдов пред голем предизвик поради фактот дека станува збор за еден голем празник и дека се слават десет години од активностите на здружението Богојавление во кое се вклучени луѓе кои 10 години работеле на афирмацијата на празникот, истакна режисерот на филмот, Димче Миновски.


На реализацијата на филмот се работело повеќе од еден месец, при што бил користен голем фонд на аудио и видео записи од здружението и локалната телевизија НТВ која учсетвува во изработката на филмот.

Времетраењето на документарниот филм е 75 минути, а содржи над 30 изјави од граѓани кои директно или индиректно ја следеле манифестацијата во изминатите десет години.

Во знак на благодарност за изработката на филмот, Миновски од страна на здружението Богојавление доби позлатен медаљон на Свети Јован Крстител.

OhridNews