На Македонската телевизија, денеска, во 17.45ч. премиерно ќе биде прикажан документарниот филм за охридскиот војвода Петар Шанданов. Филмот е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски, а екипата која го реализираше документаревот уште ја сочинуваат: Златко Ориѓански, Александар Зиков, Борис Каески, Нино Леви, Стефан Спироски, Данчо Стефков, Зоран Ставрев, Изабела Пиперкоска и Билјана Колоска.
Докуменатарниот филм за војводата Петар Шанданов, говори за братоубиствата на Македонците од почетокот на минатиот век.
OhridNews