На 17 ноември со почеток во 20:00 часот на малата сцена на НУЦК Григор Прличев прмеиерно ќе биде одиграна претставата „Хелверовата ноќ, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид. Претставата е во режија на Александар Јовановски, според оригиналниот/истоимениот текст на Ингмар Вилквист, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.

Базирана на истоимената драмата на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч) напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок – млад човек со посебни потреби. Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради интимна приказна за две различни суштества кои се обидуваат да најдат смисла и сигурност во свет кој секоја „различност“ ја дочекува со насилство и осуда.

Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ“ ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет.

Билетите за премиерата, по цена од 400 МКД можат да се купат на билетарата на НУЦК “Григор Прличев”, Охрид, секој работен ден од 10:00-17:00 и на денот на изведбата од 10:00-20:00 ч.

Проектот е дел од Годишната прогарама на ЗУКЦ Медиа Артес, финансирана од Општина Охрид, а логистички поддржан од КСП Центар-Јадро и НУЦК Григор Прличев.

OhridNews