На 17 ноември со почеток во 20:00 часот на малата сцена на НУЦК Григор Прличев прмеиерно ќе биде одиграна претставата „Хелверовата ноќ, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид. Претставата е во режија на Александар Јовановски, според оригиналниот/истоимениот текст на Ингмар Вилквист, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.

Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ“ ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет.
Билетите за премиерата, по цена од 400 МКД можат да се купат на билетарата на НУЦК “Григор Прличев”, Охрид, секој работен ден од 10:00-17:00 и на денот на изведбата од 10:00-20:00 ч.
Проектот е дел од Годишната прогарама на ЗУКЦ Медиа Артес, финансирана од Општина Охрид, а логистички поддржан од КСП Центар-Јадро и НУЦК Григор Прличев.
OhridNews












