Од охридскиот Народен театар за утре, 19- ти февруари, ја најавуваат претставата „ Стари Времиња“  според текст на Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ, која премиерно беше изведена на фестивалот „ Охридско лето“ и  „ Ристо Шишков“ во Струмица.

Ги повикувам сите кои не успеаја да ја видат претставата да дојдат сега на едно убаво драмско задоволство кое трае 59 минути, рече раководителот на Народен теаатар Охрид и директор на Центарот за култура, Горан Стојаноски .

Во претставата играат Ирена Ристиќ, Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски. Претставата репризно ќе биде изведена и во сабота, 20- ти февруари.

Претставата „ Стари времиња“ ќе го означи почетокот на новата театарска сезона на охридскиот театар, за кога се најавуваат четири нови проекти.

На 25 февруари стартуваме со една интересна копродукција, проект кој го нарековме „ Импровокација“, а во меѓувреме се реновира долната подрумска сцена. Тројца актери Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипроски ќе прикажат нешто што е доста забавно и несекојдневно. Околу 28 февруари очекуваме премиера и на детската претстава „ Убавицата и ѕверот“ од Ѓорѓи Ризески, а на 5- ти март ќе следи и авторски проект на Никола Тодороски, информира Стојаноски.

Стојаноски најави и премиера на претставата „ Парламентарки“ и на претстава- комедија која ќе се игра на одбележувањето на 5 годишнината од формирањето на Народен театар Охрид.

Т. К.