Видео технологијата (ВАР) од следната сезона ќе биде воведена во Премиер лига, откако клубовите членки во најквалитетна англиска лига изгласаа позитивни на вондредниот состанок кој се одржа со преставници од ФИФА и Фудбалската федерација на Англија.

Премиер лигата остана имун сезонава на ВАР системот, иако, тој имаше само позитивни оценки и пофалби за користењето на Мундијалот оваа година во Русија. Грешките на судиите се сведени на минимум, а спорна ситуација главниот судија може да ја прегледа во било кое време, што ја олеснува работата на фудбалскиот арбитар.

Англиската Премиер лига беше прва која воведе гол технологија, но нема да биде прва кога се работи за ВАР системот, бидејќи тој активно функционира во италијанската Серија А и германската Бундес лига.

Во минатото, судиите во најсилната англиска лига доживуваа многу притисок после мечевите, а токму поради таквите ситуација од судењете се повече Марк Клатенбург, кој во период од два месеци судеше финалето во Лигата на Шампиони и финалето на Европското првенство во Франција.

OhridNews