Англиските екипи членови во Премиер лигата потрошија неверојатни милијарда евра на купување на фудбалери во летниот преоден рок.
Магичната граница премиелигашите ја поминаа со трансферот на Ентони Мартиал од Монако во Манчестер Јунајтед вреден 50 милиони евра.
Вкупно „црвените ѓаволи“ доведоа шест фудбалери, но рекордот за оваа сезона го држи Манчестер Сити кој за Кевин де Брујин, Николас Отаменди и Рахим Стерлинг потроши над 150 милиони евра.
До потрошени 80 милиони евра стигна Ливерпул додека овој трансфер период немо го проследија шампионот Челси и Арсенал.
Во споредба со останатите лиги во рангот на англиската екипите од Серија А вкупно потрошија 500 милиони евра, шпанците 400 милиони додека французите и германците едвај 300 милиони евра.
Ohridnews