Без победник (3-3) заврши дерби дуелот помеѓу Арсенал и Ливерпул на Емирати на стартот од 19-та рунда во англиската Премиер лига.

Двете екипи имаа свои моменти и водство на дербито, но на крајот мораа да се задоволат со бод и сигурно место во премиерлигашката класика на мечеви.

„Црвените“ водеа со 1-0 и потоа со 2-0. „Топчиите“ не се предадоа и со три голови го презедоа водството. До крајот на мечот гостите постигнаа уште еден погодок и ги поставија конечните 3-3.

Бодот нема да им донесе скок на табелата на Арсенал и Ливерпул кои се наоѓаат на петтата односно четвртата позиција. 

OhridNews