Преку 120 натпреварувачи од пет земји од регионот ќе земат учество на првиот Taekwon-Do ITF турнир – „Охрид ОПЕН 2012 кој по повод јубилејот – 20 години постоење, Интернационалната Taekwon-Do Федерација на Република Македонија се одржува во Охрид.
– Одзивот сигурно ќе беше поголем, но последните случувања на безбедносен план во Македонија, малку ги пореметија нашите планови и неколку клубови го откажаа учеството. Сепак тука со нас во Охрид е Сајан Бат, рускиот мајстор, што за нас преставува огромна чест. Организацки сме презадовлни како сето изгледа, добивме позитивни критики од гостите и тоа ни дава мотив да конкурираме за организација на европско првенство – рече Сашо Попоски од Организациниот Одбор.
Најголемиот дел од средства за организирање го покри охридската локалнаа самоуправа, од охридските натпреварувачи очекуваме солиден настап но и да се закитиме со некоја медаља – додаде Поповски.
– Сите пофалби што се однесува до организацијата на овој турнир. Ние прв пат доаѓаме во Охрид и сме навистина презадоволи. Уште подобро е тоа што веќе и освоивме една златна медаља и тоа во категоријата на млади пионери во дисциплината форми – рече Златко Павловиќ од српскиот Таеквон До клуб “Лозница“
Боите на охридското таеквондо ќе ги бранат клубовите Мастер, Хваранг ИТФ и Хваранг Фист. – После долги 14 години во Охрид, се организира ваков турнир. Нашиот клуб ќе настапи со девет натпреварувачи. Се ` се тоа млади натпреварувачи и за нас најважно е да се натпреваруваме и да се стекнеме со значително искуство – рече Јосифоски Аце од Хваранг Фист.
Борбите ќе траат во текот на целиот ден, а најголемо внимание предизвикува присуството на рускиот мајстор “непобедливиот“ Сајан Бат, петкратен светски шампион кој досега нема изгубено ниту една борба во кариерата.
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.