Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што јавноста ја виде вчера во видео споделено на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, смета премиерот Заев.

Тој на социојалните мрежи побара итна истрага и соодветни казни за инволвираните.

Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.

За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна. – напиша на Фејсбук премиерот Заев.

OhridNews