Петседателот на Владата Зоран Заев по аферата со руските комичари ги смени броевите на неговите мобилни телефони, а воведени се и нови протоколи за комуникација, соопшти неговиот кабинет.

Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.

Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка. – информира кабинетот на премиерот.

Кабинетот на премиерот подготвува и План за акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.

OhridNews