Денес бевме сведоци на неуспешен обид за
уривање на демократски избрана легална власт, поттикнат од Бранко
Црвенковски кој ја започна последна лична битка за преживување во
политиката, истакна  премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање
до нацијата. Според него донесувањето на Буџетот било само параван за
неуспешното сценариот за насилно освојување на Собранието.

-Бранко Црвенковски сакаше на сила да освои власт со три илјади свои
приврзеници. Поделени
во две групи имаше најмалку трипати повеќе граѓани кои излегоа да му се
спротистават. На Бранко  денеска му се случи народ!
– рече Груевски.

Тој
посочи дека пратеничката група на СДСМ деновиве најмалку десет пати го
прекршила Деловникот, а со  употреба  на физичка сила се обидела и да го
делегитимира Парламентот.

– Сепак спротивставени на
агресијата на овој транзиционен манипулант не само што беа подготвени да
застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа
државните безбедносни сили кои коректно, професионално, одговорно и
успешно ја завршија својата работа и овозможија Парламентот да продолжи
со работа согласно Уставот и законите,
рече Груевски.

Премиерот
во своето обраќање изрази жалење за непријатностите со кои се соочија
новинарите, на кои не им беше дозволено да ја следат тензичната
собраноиска седница. Коментирајќи го денешното изгласување на Буџетот,
Груевски упати честитки до пратениците и претседателот на Собранието
Трајко Вељановски, за како што рече, издржаната тортура.

Груевски најави дека ќе продолжи да работи посветено и дека ќе го одржи дадениот збор пред народот.


Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад
него и се борам до последниот атом да го исполнам. Со оглед дека Бранко
Црвенковски најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да
потенцирам дека сме подготвени за сите можно сценарија со цел заштита на
интересите на граѓаните и заштита на уставот и законите.
– истакна Груевски во обраќањето до нацијата.

OhridNews