Македонскиот премиер Никола Груевски ќе престојува на неколкудневен одмор во турското летувалиште Фетије, информираат од Владата.
Според истиот извор, Груевски одморот ќе го помине во Фетије на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Летувалиштето Фетије се наоѓа на турскиот брег на Егејското море.
извор:„Маккфакс“