Како што истакна премиерот Груевски, Владата континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој, што се отсликува преку проектите за модернизација на локалните и регионални патишта, поддршка на образованието, преку одвојувањето на финансиски средства за изградба и реконструкција на училишта, но и поддршка и поттикнување на локалниот економски развој.
Градоначалникот Бакрачески, кој го информира премиерот околу надминувањето на проблемите со кои се соочува Охрид, изрази подготвеност за плодна соработка помеѓу општината Охрид и Владата која ќе резултира со реализација на проектите од интерес на ѓраѓаните.