Премиерот Никола Груевски најави измени на предлгот за екстерно тестирање на студентите, откако илјадници студенти излегоа на протест против овој начин на тестирање.

Груевски најави дека екстерниот испит нема да важи за студентите кои веќе ги почнале своите студии туку само за оние кои во индина ќе се запишат на факултет и ќе се полага неограничено, се додека студентите не го положат.

Премиерот истакна дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и посочи оти тоа го почитува. Она што е значајно, посочи, е дека сега сме во фаза на јавна дебата, се слушаат сите мислења по ова прашање.

„Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година“, рече Груевски.

Ќе се слушнат сите мислења за оценувањето на студентите, целта е да имаме нови генерации со посилно знаење и креативност, рече Груевски

„Размислувањата што ги сподели Владата со јавноста во правец на подобрување на знаењето и квалитетот во високото образование се мотивирани за да се помогне на студентите, младите луѓе да добијат диплома со знаење кое што ќе им помогне во животот понатаму“, додаде Груевски.

OhridNews

Извор: „Макфакс“