Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Вевчани.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе оствари работна средба со градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески, по што ќе пушти во употреба тениско игралиште. Како што најавуваат од кабинетот на премиерот, предвидена е и посета на Вевчанските извори.











