Попладнево во детското одморалиште „Мајски Цвет“ во Струга, премиерот Никола Груевски и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ќе ја посетат четвртата група на деца коишто ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација наменета за децата од социјално загрозените семејства.

Во следните два месеци, на секои седум дена, ќе бидат испраќани нови групи дечиња на бесплатен одмор во Струга и Пелистер.

Како што претходно истакна ресорниот министер, вкупно две илјади деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, ќе заминат на бесплатен летен одмор, а во текот на зимскиот период околу илјади дечиња ќе заминат на бесплатен зимски одмор.

OhridNews