Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид.

Инаку, по направениот увид минатата недела од страна на директорот на ЈП за државни патишта Трајановски, беше посочено дека се работи со полна пареа, се асфалтира на главната траса и пристапните патишта на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид. Покрај асфалтирањето се поставуваше и еластична ограда, се бетонираа плочасти и цевасти пропусти, се уредуваа клучки и натпатници, се поставуваше осветлување.
Очекувањата како што тогаш соопшти Трајановски е дека со оваа динамика на работа за краток период ќе биде пуштена во употреба уште една делница.
Автопатот Охрид-Кичево според најавите целосно треба да биде завршен до крајот на 2026 година.
OhridNews
фото. ЈПДП











