Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе биде во теренска посета на Општина Охрид, каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.

Најавен е и увид од страна на премиерот Мицкоски во градежни активности при реконструкција на ул. „ 7-ми Ноември“, на влезот во Битола. Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.
Премиерот Мицкоски ќе присуствува и на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта, ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид.
OhridNews











