Премиерот на Непал Сушил Којрала е најсиромашниот светски лидер, бидејќи целото материјално богатство регистрирано на негово име го чинат само три мобилни телефони, од кои два не се во функција, било наведено во имотната карта објавена на сајтот на непалската влада. Во родниот град на западот на земјата, Којрала нема сопствен стамбен простор ниту земја во свој посед, туку живее кај својот брат. Пред да премине во својата резиденција како претседател на Непал, живеел во едноставна изнајмена куќа во Катманду. Неговата плата изнесува 670 долари. Поранешниот премиер на Непал кој отишол од таа функција во 1991 година, и кој е претседател на партијата на актуелниот премиер, исто така е познат по својот спартански дух. Тој напуштајќи ја својата функција со себе понел само една метална кутија, чадор и лонец. Тој по својата скромност го надминал уругвајскиот претседател Хосе Мухика, кој важи за најсиромашен претседател на светот.
ухика живее во трошна куќичка наместо во резиденција, го обезбедуваат само двајца полицајци, речиси цела плата ја дава во добротврони цели, а вози „буба“ од 1987 година. Мухика во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век учествувал во герилски сили Тупамарос, левичарска воодужена група инспирирана од кубанската револуција. Минал 14 години во затвор, во тешки услови и изолација, се додека не бил ослободен во 1985 година кога во Уругвај повторно била воспоставена демократија. За претседател бил избран во 2009 година. Мухика околу 90 проценти од својата плата, која изнесува 12 илјади долари, ја дава во добротворни цели, што значи дека приближно му остануваат по 775 долари, колку што е просечната плата во земјата.