Премиерот Зоран Заев, викендов ќе престојува во работна посета на Охрид.

Предвидено е заедно со градоначалникот Константин Георгиески утре да извршат обиколка на неколку локации во градот каде во тек се градежни активности за изградба и рехабилитација на сообраќајната инфраструктура.

Деталите за посетата ќе бидат соопштени на пресконференција што ќе се одржи на ул. „15 Корпус“ која неодамна беше реконструирана.

OhridNews