Пренасочување на сообраќајот поради градежни работи кај клучката Подмоље во периодот кој следува најавуваат од СВР Охрид.
Поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови до 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, посочуваат.
OhridNews












