Борче Димоски, сопственик на продукциската куќа „Digital Box“, говорејќи на мотивирачка трибина „И ЈАС СУМ ОД КОЧО РАЦИН“ која се одржа во просториите на Младински Центар Охрид во организација на ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид, го пренесе пред учениците сопственото искуство и целокупниот образовен процес и пат кој го минал за да стигне до тоа што денес го работи.
Говорникот на трибината на која присуствуваше директорката на училиштето, Славица Котеска, иницијатор на ваквите трибини, стави акцент на фактот дека упорноста, но пред се желбата и љубовта се најбитни за успешен претприемач. Секогаш се учат нови работи, а како пример наведе дека иако има завршено средно стручно образование, сепак се одлучил високото образование да го продолжи на факултетот за Мултимедија.
Продукцијата „DigitalBox“ изработува корпоративни видеа во земјата и странство. Google“, „Nike“, „PayPal“, „BMW“, Специјална очна болница „Деница“, ГРК „Охрид“, „Бучен Козјак“, „Др. Баткоски“, „ОхридТрчат“, „OhridUltraTrail“, „Културолошка иницијатива 5до12“, „Ohrid News“ и други.
Димоски зборуваше за незаборавните детските денови во училиштето и се присети на своите другари и наставници.
Во „Кочо Рацин“ стекнав работни навики, почит, другарство, посветеност… „Кочо Рацин“ беше мојот втор дом. Од него произлегле многу успешни луѓе. И ЈАС СУМ ОД КОЧО РАЦИН, рече во обраќањето Димоски.
Инаку, Димоски својата кариера ја започнал во О2 ТВ, основач е и сопственик на продукциската куќа „Digital Box“ која изработува рекламни и музички видео спотови за клиенти од земјава и странство.
Ова е само една од низата трибини кои се наменети за учениците од VIII и IX одделение, а целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера.
OhridNews