Читателите на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews, вечерашната пригодна свеченост, на која ќе се промовира годишната ревија на настани што ја одбележаа 2015 година,ќе имаат можност да ја проследат во живо.Линкот од директниот пренос ќе биде поставен во посебен банер на интернет страната на OhridNews.
– OhridNews во текот на 2015 година објави близу 10.000 информации, во најголем дел авторски текстови на професионалниот новинарски тим, кој секојдневно, веќе девет години ги бележи случувањата во Охрид и пошироко. Во годишната ревија на настани поместуваме дел од позначајните настани и ги издвојуваме сториите и успешните приказни кои ја одбележаа оваа 2015 година, изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews.
На свеченоста што ќе се одржи со почеток во 19 часот во „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе бидат врачени и пригодни признанија на носителите на најуспешните приказни, кои беа избрани од страна на редакцијата на OhridNews.
Годишната ревија на настани на OhridNews, бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите.
OhridNews