Отворената емисија во која со компјутерски софтвер ќе биде извршено рангирањето на 1.600 лица од социјално ранливи категории кои ќе бидат вработени во државните институции и претпријатија ќе започне во 12 часот со директен пренос на Македонската телевизија (МТВ). 

Претходно најавениот термин за почеток на емисијата – 17 часот се менува со новиот термин – 12 часот заради програмската шема на МТВ, пренесува „Макфакс“.

Станува збор за процесот на вработување на 1.600 граѓани кои припаѓаат на социјално ранливи категории.

На огласот можеа да се пријават долгорочно невработени лица со повеќе од 10 години без работа; лица од многудетни семејства; самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.

За сите категории се предвидени по 400 вработувања, а во рамките на секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, за лица со средна стручна спрема, и за лица со високо образование.

Имено, компјутерскиот софтвер ќе биде наполнет со податоци за апликантите кои се собрани на три начини и тоа заради обезбедување на транспарентност и правичност на процесот.

OhridNews
извор:„Макфакс“