Со црковно народен собир вчерa во охридското село Лешани беше одбележана 100-годишнината од изградбата на храмот во манастирот Си Свети (Сите Светии – Сите Свети). По тој повод беше преосветен храмот од единствениот манастир на Балканот посветен на Сите Свети, во кој  е изработен нов фреско-живопис.



Преосветувањето на манастирскиот храм го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан во сослужение на г.Тимотеј и г.Агатангел и архимандрит Партениј, како и бројно свештенство.



Во 2002 година манастирот заживеа со возобновено монаштво со доаѓањето на јеромонах Вартоломеј од Бигорската Свештена Обител.