Денес ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ во Трпејца.

Утрената богослужба, како што претходно информираа од Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид е од 8 часот, додека од 9 часот започнува преосветувањето на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“.

Во 10 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен.

OhridNews