Во специјализираното германско-руско списание за поезија Пливачки мост кое излегува во Германија во последниот број за 2017 година, во препев на Олга Панкина објавен е пообемен циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски. Во блокот за преведена поезија во списанието е објавен блок за францускиот сонет, потоа нови препеви на руски од Жерар де Нервал, Шарл Бодлер, Т.С.Елиот и Славе Ѓорѓо Димоски.

Осумнаесет оделни поетски книги на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

OhridNews