Деновиве, во специјализираното индиско списание за литература ” Inchentin versis”, во рубриката Уредниците избираат, објавени се нови препеви и библиографии од охридскиот  поет Славе Ѓорго Димоски.

Станува збор за списание кое излегува на англиски јазик и кое има интернационална редакција, чии главни уредници се од Индија и САД.

Поезијата на Ѓорго Димоски е преведувана на повеќе јазици и е наградувана со бројни домашни и меѓународни признанија. Неодамна Поетската асоцијација на Москва му ја додели престижната награда „Сергеј Есенин“, а минатата недела ја доби и наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

OhridNews