Преподобниот Нектариј Битолски е роден во Битола од побожни родители. Крстено име му е Никола. Живеел во време кога Турците ги освојувале овие простори. Мајка му еднаш кога работела на гумното заспала и сонувала како Богородица ја советувала со мажот и децата да бегаат некаде и да се сокријат зошто ќе дојдат Турците и ќе направат многу зла. Ги послушале советите на Божјата Мајка и се засолниле. Навистина набргу дошле Турците и на населението му направиле многу зло. Кога состојбата се смирила целото семејство излегло од засолништето живо и здраво и благодарно кон Бога и Богородица за предупредувањето и спасението.

Татко му на Никола во поодминати години, со одобрение на мајка му заминал во манастирот Свети врачи Кузман и Дамјан близу до Битола, се замонашил и добил име Пахомиј. Во манастирот често доаѓал Никола со својот помлад брат.

Обичај било во манастирот да доаѓа околното население и да носи дарови. Особено тоа масовно се случувало за време на празникот на Светите Врачи. Еднаш се случило да народот донесол многу подароци. Имало во изобилство храна и вино. Но имало и многу народ така што виното бргу се испило. Пахомиј и неговите двајца синови слегле во подрумот со свеќи во рацете за да ги измијат бочвите, но биле изненадени кога виделе дека бочвите на чудесен начин биле наполнети со миризливо и квалитетно вино.

Гледајќи го ова чудо и сеќавајќи се на јавувањето на Богородица на мајка му, младиот Никола уште повеќе го засакал животот во манастир и заминал на Света Гора. Таму бил примен од старецот Дионисиј кој веднаш го одвел кај видовитиот старец Филотеј. При првото видување старецот го повикал по име: „Ти си Никола, синот на Пахомиј и сакаш да живееш со нас“. Никола се изненадил, од каде овој старец што прв пат го гледа го знае неговото име и името на неговиот татко, но стариот му објаснил дека тоа го разбрал од Бога кој го испратил тука. Воодушевувајќи се од двајцата старци Никола останал да живее со нив и да им помага, се замонашил и го добил името Нектариј.

Преподобниот Нектариј Битолски умрел на 18 декември 1500 година. По пет години неговите ученици го отвориле гробот и виделе дека од неговите мошти течело миро и се ширела пријатна миризба. И денес светите мошти на Нектариј Битолски почиваат во келијата во Света Гора каде тој живеел и се молел.   

Богослужба по повод Св. Никола во Геракомија

Дебарско-кичевската епархија ги
известува своите православни верници дека на 19 декември 2008 година
(петок), во црквата „Свети Никола Геракомија“, Охрид, ќе се служи света
архиерејска литургија, по повод празникот  „Свети Николај Чудотворец
Архиепископ Мирликиски“. На бобослужбата што ќе започне во 8.45 часот,
ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, митрополитот
Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој

Јасминка Т. Момироска