Апелациониот суд во Битола ја намалил затворската казна од 16 години на 8 години за српскиот турист Бојан Угреновиќ кој до смрт го претепа 26 годишниот охриѓанец, Димитар Матилоски, а е на слобода бидејќи судот во Охрид не донесе пресуда во предвиден рок и мораше да биде пуштен, информира специјализираниот портал за судство “Досие” .

За убиството српскиот државјанин Бојан Угреновиќ  на почетокот од судскиот рпроцес пред судијата  Весна Кичеец, изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело за кое се товари и изрази жалење и каење за стореното дело. 29-годишниот жител на Краљево ги прифати сите наводи во обвинението кое го товари дека критичната вечер физички го нападнал Димитар Матилоски во кафе барот „Табана“, а потоа надвор му задал удари, од кои еден во пределот на лицето бил фатален за младиот охриѓанец.

На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. И на повтореното судење судијата Кичеец повторно изрече 16 години.

Сега пресудата е правосилна и судот треба да даде упатен акт за во затвор.

Убиството се случи на Новогодишната ноќ 2016 година.

OhridNews

извор: Досие