На 16-ти овој месец, Европската комисија по петти пат на Македонија ќе и даде препорака за започнување на преговори со ЕУ, но овој пат со нов услов.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во однос на слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија, за што повторно се очекуваат негативни забелешки, Комисијата воведува нов услов – „медиумска култура“, нешто што ќе биде потенцирано во најновиот извештај.
Инаку, слично како и во минатиот извештај, ЕК двапати ќе ја употреби придавката „македонски“.
OhridNews













