Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление – Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на препораките за безбедно одвивање на настанот.
Со оглед на ниската температура на водата во Охридското езеро (околу 8 oC), релативно ниската температура на воздухот која се најавува за 19.01.2026 г. (околу 3 oC), релативно мирни езерски води (северен ветар со брзина од околу 5 m/s), повикуваме на внимание и претпазливост на оние кои планираат да влегуваат во водите на Охридското езеро:
- Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем
- Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај
- Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата на организмот!
- ДА НЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОДА СÈ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОЛОЖИ СВЕТИОТ КРСТ ОД СТРАНА НА СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ
- Оние што влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 минути)
- Во вода телото се лади многу побргу отколку во воздух, особено при зголемена телесна активност!
- Да облечат обувки при влегувањето во вода
- Да имаат сува и топла облека по излегувањето од вода
За сите кои ќе присуствуваат на настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваме:
- Да облечат повеќеслојна облека
Да конзумираат топли безалкохолни напитоци
OhriNews













