Како што е веќе редот кај нас, доколку некое јавно претпријатие има финансиски проблеми редно е да бара зголемување на цените на услугите. Тоа веќе може да се каже дека прерасна во национален спорт, едниствено што чекаме е да се види кој ќе ја добие наградата оваа година.

Епа така решија и од ЈП „Охридски Комуналец“, на сите субјекти кои обавуваат трговска или угостителска дејност, откако претходно беше воведена нова такса и ги зголемија цените на услугите, достави поздрав за успешната турстичка сезона- нова фактура.

Значи да се разбереме, не месечна сметка, не сметка за нарачана услуга, туку сосема нова издадена фактура за вонредно подигање амбалажа. Не е важно дали вие сте барале одлагање на сметот вонредно, важно било што субјектите создавале поголема количина амбалажа, па затоа редно било нешто плус да се плати. Треба да знаете дека ЈП Комуналец ангажирал повеќе луѓе. Па и повеќе средства. Сигурно работеле и повеќе часа. Останувале после работното време.

Абе ајде…

Во нормални услови за издавање на вакви фактури за неизвршени услуги, се бара одговорност од директорот, но бидејќи сигурно тој пред медиумите ќе одговори дека не е запознат со ситуацијата, ќе остане се во заборав.

Тоа што Комуналец анагжира повеќе луѓе и средства е НОРМАЛНО и очекувано, и тоа не е од ова година туку години наназад. Ако ги изненадила летната сезона, еве мало потсетување- летната сезона трае барем во Охрид од почеток на Јули до крај на Август. Ова некаде нека го запишат, пак да не ги изненади.

Ако веќе издаваат нови сметки за неизвршени услуги, тогаш нека ги намалуваат сметките во текот на зимскиот период кога туристичките субјекти не работат, а Комуналец нема ангажирано дополнително луѓе и средства.  Ако имаат финанскиски проблеми, нека вовоедат ефикасен систем за наплата, нека пробаат да ги рефинансираат договите преку доста поефикасни и поевтини финансиски инструменти…

Доколку па издадените фактури беа само за да прикажат поголеми вредности пред делбениот биланс и формирање нови претпријатија, тогаш навистина самите се осудуваат на пропаст. Но оваа тема бара многу повеќе редови…

За препознатливо чист Охрид, немојте многу да фрлате ѓубре. Едно е скапо, друго два пати ќе платите.

Одам да го фрлам ѓубрето кај комшијата.

Авторот познат на редакцијата