Во новите регистри на невработени евидентирани лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, се пререгистрирале вкупно 224.157 лица, од кои 98 726 се пријавиле дека активно бараат работа, а 125 431 лице со во втората категорија кои не бараат активно работа, информираа на заедничката прес-конференција, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и неговиот претходник, Спиро Ристовски.

Според полот на оние што активно бараат работа, 56,5 проценти се мажи, а 43,5 проценти се жени. Според возраста, до 29 години се 28 отсто од оние кои активно бараат работа, 37,7 отсто се на возраст од 30 до 49 години, а 34,3 отсто се со 50 и повеќе години.
Во категоријата кои се изјасниле дека не бараат активно работа, 57,6 отсто се мажи, а 42,4 проценти се жени. До 29 години возраст се 20,2 отсто, 47,8 отсто се на возраст од 30 до 49 години и 32 проценти се над 50 години.
Инаку, пререгистрацијата на невработените започна во декември минатата година.
OhridNews












