ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат уште два дена право да одржуваат прес-конференции пред почетокот на изборниот молк за вториот круг од гласањето што ќе се одвива в недела на 5 април.
ВМРО-ДПМНЕ денешната прес-конференција ќе ја одржи во хотелот „Милениум“ со почеток во 12 часот.
На средбата со новинарите ќе говорат, кандидатот за градоначалник од редовите на оваа партија, Кирил Трендафилов-Нанче, како и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и иден советник, Борис Стефаноски.
Ohridnews











